Синоќа, во „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред децении е создаден и официјално формиран Македонскиот олимписки комитет – се случи најсвеченото, најпрестижното и најелитното спортско случување во државата: 5. јубилејно издание на „Златна Олимпија 2025“.
-На местото каде што започна македонската олимписка приказна, во домот на нашата спортска историја и идентитет, се собра спортската елита на нацијата и гости од Македонија и странство. Атмосферата беше електризирачка – преполнетата сала, повеќе од 200 високо профилирани гости, амбасадори, директори на меѓународни спортски институции, истакнати спортисти и спортски работници создадоа слика достојна за светски гала церемонии.
Тоа не беше само настан. Тоа беше враќање на местото на создавањето. Момент на чест, емоција и триумф. Симболично коронување на најдобрите во македонскиот спорт – токму таму каде што започна сè, соопштија од МОК.
Добитнички на статуетките „Златна Олимпија 2025“
Најдобар женски национален тим – Фудбалска репрезентација до 17 години
Најуспешна спортска работничка – Гордана Николовска Кузмановска
Најнадежна млада спортистка – Мери Бошковска
Најуспешна тренерка – Катерина Милеска
Најуспешна судијка – Ема Никочевиќ
Спортски подвиг – Катерина Шиповиќ
Признание за животно дело – Стојна Вангеловска
Најуспешна спортистка за 2025 година – Милијана Релиќ
Федерација за унапредување на родова еднаквост – Ракометна федерација на Северна Македонија
Најуспешна спортска медиумска работничка – Маја Јаневска-Илиева
Најуспешна спортистка со попреченост – Фатмире Бајрамоска
Женско лидерство и родова еднаквост – Цветанка Макаровски
Женско лидерство и родова еднаквост – Ирена Митровска
Плакети за поддршка на Олимпизмот
Плакети 2025
Димитар Костадинов – ГОРСКА
Хари Костов – Комерцијална Банка
Сашо Пешев – New Moment
Сашо Димитријоски – Телеком
Сите добитници добија признание за исклучителна поддршка и успешна соработка во развојот и промовирањето на Олимпизмот во Македонија.
„Златна Олимпија 2025“ останува запаметена како најексклузивното, најелитното и најзначајното гала издание до сега — на местото каде што не само што се слави спортот, туку и каде што спортот ја напиша својата прва голема страница во независна Македонија.
Деск

