Маж од Пробиштип заработи кривична пријава, бидејќи не и дозволил на новинарка да му постави прашање на заменик-министер, за време на јавен настан.
Како што известува Минситерството за внатрешни работи, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.И.(48) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 28.10.2025 во Пробиштип, по завршување на настан организиран од „Здружение на пензионери“ од Пробиштип, одржан во Пензионерски дом-Пробиштип, пријавениот ја спречил новинарката А.П., како службено лице ангажирана од медиум, да му постави прашања на заменик- министер, кој присуствувал на настанот.
Деск
СПРЕЧИЛ НОВИНАРКА ДА МУ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ НА ЗАМЕНИК – МИНИСТЕР, ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА
1 Min Read

