По цели осум години пауза, годинава Неготино со забавни содржини за сите генерации ќе ја дочека Новата година на градскиот плоштад.
Забавата ќе започне во 12.00 часот на 31-ви декември, со програмата за најмладите, односно со ликовите на Гринч и Стич, а во 12.30 ќе настапи миленикот на младите генерации, Пајак.
Од 22.30 часот на сцената на плоштадот доаѓаат Татијана Стефановска и Влатко Миладиноски, во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски.

Се известуваат заинтересираните угостители дека можат да изнајмат штандови за продажба на пијалоци и храна за време на настанот.
Градоначалничката Марија Нацева ги покани сограѓаните масовно да излезат, за заеднички да се прослави влегувањето во новата 2026 година.
Инаку, во минатото во Неготино традиционално имаше организиран дочек, а доаѓаа познати имиња од фолк и поп сцената. Организираниот дочек се укина пред осум години, па неготинци кои сакаа да прослават на плоштад, одеа во Кавадарци, каде секоја година традиционално настапуваат локални музичари.

Вики Клинчарова

