Во новата 2026 година ќе влеземе со нови, повисоки цени за електрична енергија.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од 1-ви јануари 2026, цената на струјата во првиот блок да се зголеми за 2,45%. За вториот блок, РКЕ информира дека конечното зголемување е 2,87%, додека за третиот блок, зголемувањето на цената ќе биде за 3,32%.
За евтината тарифа на струја, РКЕ соопшти дека ќе се зголеми за 2,50%.
-Кај едно домаќинство кое што има потрошувачка само во прв блок од 210 киловат/час, месечната сметка се зголемува за 57 денари. За домаќинства со потрошувачка во прв блок и втор блок, сметката се зголемува за 70 денари, кажа претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
За домаќинства кои имаат потрошувачка во прв, втор и трет блок, месечната сметка ќе се зголеми за 370 денари, а тоа се околу 14.000 домаќинства.
Деск
Previous ArticleРЕКОРДЕН БУЏЕТ ОД 8,17 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ,,ЕРАЗМУС+” И ,,ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС” ЗА 2026 ГОДИНА
Next Article ИСЧЕЗНА 40-ГОДИШНИК ОД КАВАДАРЕЧКО

