Во Македонија ги имало повеќе од 8.000 бездомни кучиња, кажа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.
Според него, тие биле голем проблем и веќе се разговарало со невладини организации за наоѓање на решение. Во интервју за МИА, Миланов вели дека ќе биле предвидени казни за неодговорно сопствеништво, за водење куче без поводник на јавно место, особено за големите раси.
-Ќе има и неколку трибини за новиот закон со граѓаните и со нашите инспектори од подрачните единици. Ќе бидат вклучени и ловечките друштва. Лично ќе наравам напори законот да се донесе до крајот на оваа или почетокот на идната година, вели директорот во врска со веќе изготвениот закон за здравствена заштита на животните со кој се опфатени и бездомните кучиња.
Исто така кажа дека се бара локација за изградба на кафилерија каде ќе се горат мрши на животни, како и за гробишта за миленици, но шест години не можело да се најде локација.
Во 2019 година се разгледувал предлог да се гради евентуално во Лозов или Росоман, но тамошните советници не дозволиле, бидејќи населението мислело дека ќе се шири мирис, иако станувало збор за херметчки затворен простор.
Како што истакна Миланов, постоела и мобилна кафилерија, па мршата се земала и носела на утврдено место да се изгори.
Инаку, засега мршите најчесто се фрлаат на депонии.
Деск
ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛО НАД 8.000 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА, ЌЕ ИМА КАЗНИ ЗА НЕОДГОВОРНО СОПСТВЕНИШТВО!
2 Mins Read

