Кутии за донации за лекување на Менче Петрова (42), се поставени на повеќе лоакции во нејзиниот роден град Неготино. Како што раскажува нејзината сестра Владанка Ставрова за ВИКИМЕДИА, веднаш штом беше објавен апелот за помош, голем број на граѓани се огласиле и понудиле поставување на кутии, со цел побргу да се собере потребната сума од 8.000 евра.
-На кутиите пишува дека се наменети за донации за Менче Петрова. Ги има во сите Дијана маркети во градот, во трафиката крај киното, во Жито маркетите, во Кеш, во Бомида, Бела Фарм, Дироко, Антигона Фрут… За утре бил планиран базар во градот, на плоштад, па и таму ќе бидат поставени кутии од Црвениот Крст.
Ова го правиме бидејќи многу граѓани сакаат да донираат на телефонските броеви за донации, но иако поднесовме барање за добивање на броеви, сепак тоа е процедура и веројатно нема да биде завршена бргу, а Менче треба да замине на лекување на клиниката во Турција на 15-ти јануари.
Исто така, може да се донира и преку платформата за донации Павел Андреев, но и директно на сметката на сестра ми:
270 7001182242 28, Халк Банка, Менча Петрова, со назнака донација, вели Ставрова.
Инаку, Менче е соочена со дијагноза тумор на мозокот. Во Македонија не можела да се изведе операцијата за која имало еден неуспешен обид, па сега надеж гледала во третманот со радиотерапија (СРС) во болницата „Санте Плус“ во Турција.
В.К.

