Дали јас лошо влијаам на вашите деца, бидејќи ,,правам” пари? – прашува раперот Драгомир Деспиќ, познат во регионот како Десингерица, по бројните критики дека на неговите настапи ги понижувал младите во публика, но и дека градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бара да се забранат неговите гостувања во Република Српска.
Десингерица за српски ,,Информер” тврди дека тој само си ја работи својата работа, и воопшто не влијаел лошо на младината.
-Дали лошо влијаам, поради тоа што сум семеен човек, имам жена и дете? Затоа што имам добра кола, живеам како Бог? Јас би сакал моето дете да биде успешно како мене!
Најважно во животот е да имаш здраво семејство, а јас тоа го имам. Туѓите деца не се мој проблем. Јас правам музика за возрасни. Вие како родители, воспитувајте си ги децата како сакате. Тоа не е моја работа, порача раперот.
Тој е чест гостин во клубови во целиот регион, а неретко настапува и во Македонија. На своите настапи плука во публика, ги полива со вода гостите, ги удира со патика по глава, но и покрај се, има огромен број на публика.
-Станивуковиќ сака да им забрани на своите граѓани да бидат среќни! Не е нормално да им ја браниш среќата на луѓето. Оние кои ме слушаат мене, првенствено се среќни, кажа Десингерица.
Деск
Previous ArticleСЕ ТРАГА ПО МАЖ ОД КАВАДАРЦИ, СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА ИСЧЕЗНАТ

