Рано утрово беше спроведена акција за заловување на бездомни кучиња во централното градско подрачје во Кичево, информира градоначаникот д-р Александар Јовановски.
Како што појаснува, заловените кучиња се згрижуваат во соодветен центар, каде што им се обезбедува ветеринарна нега, вакцинација, стерилизација и хуман третман, согласно важечките прописи.
-Со ваквите активности продолжуваме да работиме на зголемување на безбедноста на граѓаните и подобрување на условите за благосостојба на животните. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, истакна градоначалникот.
Инаку, бездомните кучиња кои се заловени, се носат во центри каде се вакцинираат, стерилизираат, а потоа по околу две недели, повторно се враќаат на локацијата од каде биле заловени.
Целта е со помош на стерилизација да се намали нивниот број на улиците.
Деск

