Светски познатиот ланец на маркети СПАР доаѓа во Македонија и ќе отвора свој продажен објект во Кавадарци, се првичните неофицијални информации до кои дојде ВИКИМЕДИА.
Проектот бил во почетна фаза, а како што ни изјави градоначалникот Митко Јанчев, се уште нема конкретни детали кои во овој период можат да бидат споделени со јавноста, но веројатноста дека во градот ќе се отвори СПАР маркет, била голема.
СПАР е холандска компанија со седиште во Амстердам, чии маркети се присутни во 48 земји во светот. Основана е во Холандија во 1932 година од Адријан ван Вел.
Името на компанијата е акроним на слоганот „Door Eendrachtig Samenwerken Profiteren Allen Regelmatig“, кој го користел ван Вел за да го опише брендот и се преведува како „Сите работат подобро заедно“. Има околу 14.000 продавници.
За доаѓањето на СПАР во земјава, се пишуваше уште пред пет години. Тогаш повеќе медиуми објавија дека се воделе преговори помеѓу компанијата и менаџментот на трговски центри во Македонија, но со оглед на тоа што договорањата биле доверливи, не се соопштувале повеќе детали.
В.К.
Previous ArticleЗА 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА, НАБАВЕНИ 120 ВОЗИЛА ЗА ПОЛИЦИЈАТА

