Маж на возраст од 49 години се здобил со повреди откако во домот му експлодирал електричен бојлер, извести Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 07:29 часот во ОВР Свети Николе, С.П.(49) од Свети Николе пријави дека околу 06:45 часот во неговиот семеен дом експлодирал електричен бојлер. Од настанатата експлозија, тој се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа и се работи на расчистување на случајот.
Деск

