Денес на судењето во Идризово сведочеа родители на загинати деца и младинци во пожарот во таканареченото кабаре ,,Пулс” во Кочани.
Потресни беа сведоштвата на мајките кои раскажуваа како си ги нашле починатите деца, кои отишле да се забавуваат, а не се вратиле живи. Со траорни зборови ги опишуваа последните моменти на нивните деца, и големиот шок поради настанот, а потенцираа дека дури по трагедијата сфатиле како кабарето не било место за забава, туку за црни работи.
-Инспектори, полицајци, градоначалници беа гости во Пулс. Има докази, има фотографии од нив. Кога нив ги гледавме дека одат таму, никогаш не сме помислиле дека локалот работи нелегално, кажа Габриела Наунова, чиј син е помеѓу загинатите, и порача дека тие кои требало да го затворат објектот, биле негови редовни гости.
Раскажуваа за децата кои заглавени во објектот барале помош, како и за пеколните моменти додека ги барале своите деца. За младинците и децата кои биле легнати на земја, првично мислеле дека се онесвестени од чадот, а потоа сфатиле дека повеќето од нив се починати.
На страницата на Здружението на граѓани 16-ти март 2025, објавија за прашањето кое бесрамно им го поставил обвинетиот градежен инспектор Огњан Георгиев, дека ако сакале децата да им бидат живи, зошто ги пуштале во дискотека.
Во пожарот, кој е најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, загинаа 63 деца и младинци, а над 200 беа повредени.
Судењето продолжува, а родителите секоја сабота излегуваат на марш во Кочани, барајќи неселективна правда за секој кој има било каков удел во трагедијата.
Деск
МИСЛЕВМЕ ДЕКА ,,ПУЛС” РАБОТИ ЛЕГАЛНО, ШТОМ ГЛЕДАВМЕ КАКО ФУНКЦИОНЕРИ ОДАТ ТАМУ И СЕ ФОТОГРАФИРААТ
2 Mins Read
Previous ArticleСО 553 ИЛЈАДИ ЕВРА, РЕНОВИРАНИ ПОВЕЌЕ ПРОСТОРИИ НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО
Next Article ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА БРАТОТ-УБИЕЦ ОД КАВАДАРЦИ

