Дваесет и шест угостителски објекти добија привремена забрана за вршење дејност при засилените инспекциски надзори што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги изврши во текот на месецов на територија на цела држава.
При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2 823 870 денари.
Надзорите се извршени за да се утврди дали се почитуваат одредбите од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето. Во текот на декември извршени се 542 инспекциски надзори, од кои 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.
ДПИ ќе продолжат со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период.
Деск
ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРЕНИ 26 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ, ИНСПЕКЦИСКИТЕ НАДЗОРИ ПРОДОЛЖУВААТ И ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД
1 Min Read

