Во Секторот за внатрешни работи Велес пристигнаа 12 нови службени возила, што за потребите на македонската полиција ги обезбеди Министерството за внатрешни работи.
Возилата ќе придонесат за поефикасно извршување на службените задачи и побрза интервенција и мобилност на полициските службеници.
Новите возила се со современи технолошки карактеристики и се дел од заложбата на Министерството за внатрешни работи за подобрување на условите за работа.
Деск

