Вчера во просториите на Одделението за прекуграничен криминал, муграции, странци и реадмисија Скопје, полициски службеници го лишија од слобода С.К.(46) од Република Турција.
По извршени проверки со Интерпол Турција констатирано е дека Уверението за неосудуваност од Генерален директорат за кривична евиденција и статистика при Министерство за правда на Турција, кое го дал во прилог на барањето привремене престој по основ на вработување, било фалсификувано, односно не било издадено од Генералниот директорат.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 378 од Кривичниот законик.
Деск
УАПСЕН ТУРЧИН КОЈ ВЛЕГОЛ ВО ЗЕМЈАВА СО ФАЛСИФИКУВАНО УВЕРЕНИЕ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ!
1 Min Read

