Државниот завод за статистика го објави ,,Статистичкиот годишник на Македонија за 2024 година”, а во кој помеѓу другото, се прикажани и податоците за тоа колку лица се родиле и колку починале, како и колку се доселиле, односно отселиле во 2024 година.
Конкретно за Тиквешијата, односно податоците за Кавадарци покажуваат дека бројот на населението според пописот од 2021 година изнесувал 35 733 лица, а во Неготино 18 194 лица.
Во Кавадарци 89,6 проценти од населението се Македонци, 0,1 се Албанци, 0,4 Турци, 2,0 Роми, 0,1 Власи, 0,3 Срби, а 0,6 проценти се во категоријата други, неспоменати.
Во Неготино пак, 86,3 проценти се Македонци, 0,2 се Албанци, 1,9 Турци, 2,7 Роми, 0,1 Власи, 1,9 Срби и 1,4 проценти се во категоријата други, неспоменати.
Во Кавадарци во 2024 година се родиле 272 бебиња, а пак починале 427 лица. Се склучиле 177 бракови, а имало 56 разводи.
Во Неготино во 2024 година се родиле 116 бебиња, а починале 217 лица. Се склучиле 85 бракови, а имало 16 разводи.
Кога е доселувањето во прашање, во Кавадарци се доселиле 233 лица, од кои 149 од други општини, 82 од друго место во иста општина и две лица од други држави. Во друга општина се отселиле 113 лица, од друго место во иста општина се отселиле 82 лица, а во друга држава се отселиле 73 лица.
Во Неготино во 2024 година се доселиле 102 лица, од кои 55 од друга општина, а 47 од друго место во иста општина, а за доселени од други држави нема достапни податоци. За отселувањето, според податоците, од Неготино се отселиле вкупно 267 лица, и тоа 74 во друга општина, 47 од друго место во иста општина и 146 лица се отселиле во други држави.
Генерално, според објавените податоци за цела земја, поголем е бројот на починати, отколку на родени, односно населението се намалило за над 4.000 жители.
В.К.
КОЛКУ ЛИЦА СЕ ДОСЕЛИЛЕ, А КОЛКУ СЕ ОТСЕЛИЛЕ ОД КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО ЗА ЕДНА ГОДИНА?
2 Mins Read
Previous ArticleБАДНИК, СПОЈ НА ВЕРА, СЕМЕЈСТВО И ТРАДИЦИЈА

