Швајцарските обвинители соопштија дека отвориле кривична истрага за француските менаџери на барот „Ле Констеласион“ во Кран-Монтана, каде што загинаа најмалку 40 луѓе, а 119 се повредени.
Жак (49) и Џесика Морети (40) се осомничени за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и за палеж од небрежност, соопшти обвинителството на кантонот Вале.
Најмладата жртва имала 14 години, а десеттина од жртвите исто така биле малолетници.
Трагедијата која се случи на новогодишната ноќ е предизвикана од употреба на пиротехника, односно фонтани – прскалки, чии пламени го зафатиле плафонот.
Помеѓу жртвите е и 16-годишниот Стивен Ивановски, по потекло од делчевско.
Деск
НАЈМЛАДАТА ЖРТВА ВО ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА ИМА 14 ГОДИНИ, ОТВОРЕНА Е КРИВИЧНА ИСТРАГА ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА БАРОТ
1 Min Read

