Во тек на вчерашниот ден, во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на локален пат помеѓу струшките села Ливада и Корошишта, пронајден е пиштол „застава“, калибар 6.35 милиметри и пет куршуми, извести Министерството за внатрешни работи.
Посочуваат дека увид на местото извршиле полициски екипи по што, пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка.
По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.
Деск

