Патник во такси возило бил ограбен од страна на таксистот кој го превезувал. Истиот од рака му одзел 50 евра и 2.000 денари, и го избркал надвор од возилото, извести Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 22:20 часот во СВР Скопје А.Ј.Е.(27) од Р.Турција пријави дека околу 19:15 часот, пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со неговата сопруга се качиле во такси возило со крајна дестинација на подрачјето на Бит Пазар и откако пристигнале, пријавителот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Деск

