Младата Тина Русева, која со својот музички талент успеа да стигне до една од најголемите сцени во Европа – „The Voice of Germany“, е номинирана за The Voice of Europe. Како што објави на социјалните мрежи, потребна и е поддршката од јавноста, и вечерва во 20.00 часот официјално се отворало онлајн гласањето, каде со само едно допаѓање (лајк), директно се гласа за неа.

-Празничните денови не можеа да почнат подобро! Со голема чест и возбуда сакам да споделам дека сум номинирана за The Voice of Europe. Иако за жал не беше овозможено гласање за мене во рамки на The Voice of Germany, сега се отвора новa и клучна можност – онлајн гласање за The Voice of Europe, каде што ВАШАТА ПОДДРШКА може да направи огромна разлика.
ВЕЧЕРВА ВО 20:00 ЧАСОТ официјално се отвора онлајн гласањето, а гласањето ќе трае 24 часа.
Со еден обичен лајк (на линкот кој што ќе следи после 20:00 часот) вие директно гласате за мене.
Моментално сум избрана во топ 16! Ајде да станеме дел од големото финале и ТОП 6 натпреварувачи во Европа, а тоа е возможно само со вашата поддршка. Секој лајк е глас. Секој глас е чекор поблиску до остварување на мојот сон и достоинствено претставување на нашата музика на европската сцена.
Ако верувате во мојот глас, мојата приказна и мојата борба – ве молам од срце, одвојте момент, лајкнете и споделете. Ви благодарам на секој еден од вас. Линк ќе следи исто така по отварањето на галсањето, соопшти Русева.
Таа по потекло е од Струмица, односно нејзиниот татко е струмичанец, а пак мајка и е од Неготино. Семејно се преселиле во Германија, а љубовта кон музиката ја наследила од своите родители.
В.К.

