Полни раце работа имала вчера кавадаречката полиција, поради случаи на закани и обиди за напад со дрвен предмет кон сопруга, тетка и татко, извршени во три одделни случаи. Заканувачите, сите мажи во своите триесетти години, завршиле во полициската станица.
Како што известуваат од Секторот за внатрешни работи Велес, првиот случај е регистриран вчера во 14.55 часот, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговата 63-годишна тетка и со остар предмет оштетил предмети во домот.
-Предметот е пронајден и одземен, а тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.
Во 16:20 часот пак, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 37-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се обидел со дрвен предмет да ја нападне неговата 38-годишна сопруга.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Третиот случај е од 18:15 часот, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 33-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговиот 57-годишен татко и се обидел да го нападне со дрвен предмет.
-Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, известија од СВР Велес.
Деск
ТРОЈЦА КАВАДАРЧАНИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА: ЕДЕН СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПРУГА, ДРУГ НА ТЕТКА, ТРЕТ НА ТАТКО
2 Mins Read

