Двајца скопјани на возраст од 30 години синоќа пред полноќ биле пронајдени починати во викендица. Првите неофицијални информации за случајот се дека најверојатно лицата се задушиле со јаглен моноксид, но се чекаат и официјалните резултати од обдукцијата, кои ќе ги дадат точните одговори за трагичниот настан.
-На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с. Горна Ѓоновица, Гостиварско, се пронајдени починати Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, соопштија од полицијата.
Деск

