Ненадејно, на 48-годишна возраст почина долгогодишниот снимател на МРТ, Александар Мижимаков, соопшти Здружението на новинари на Македонија.
Мижимаков беше професионалец со големо работно искуство. Тој беше снимател на документарно играна програма, дневно информативната како и значително активен во филмската индустрија.
Тој беше член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење и сочувство до семејството и пријателите.
Деск

