Ски центарот Михајлово, кој се наоѓа на околу 35 километри од Кавадарци, денес официјално ја започна новата сезона. Од центарот соопштија дека условите се одлични, патеките се со снег, а времето сончево.
-Денес Михајлово ги пречека првите посетители и скијачи со одлични услови за скијање и прекрасно сончево време.
Планината нуди вистинско зимско уживање, чист воздух и одлична атмосфера за сите љубители на снегот. Нека започне уште една успешна и незаборавна ски-сезона, порачаа од центарот.
Ова е втора година, откако со работа започна овој зимски центар, лоциран на планината Кожув.
Деск

