Од втората половина на јануари излегуваме на протести. Предвидени се штрајкови во повеќе институции и блокади на улици. Ако повторно нема разбирање од Владата и од работодавачите дека платите мора да растат не е исклучена и можноста за генерален штрајк во јавен и приватен сектор. Барањето е јасно 600 евра минимална плата и по 100 евра зголемување на сите останати плати, изјави за „Локално“, Иван Пешевски од Сојуз на синдикатите на Македонија.
Тој вели дека не држи вода тврдењето на работодавачите дека ако се зголеми минималната плата се прави притисок и на останатите плати, односно ако не се зголемат другите плати работниците ќе бидат демотивирани. ССМ не бара да се зголеми само минималната плата, туку и сите останати плати. Тие сметаат дека зголемување на платите од 100 евра за големите компании не значи ништо, а за работниците ќе значи дополнителен мотив за поголемо залагање, поголема додадена вредност, поголема продуктивност…
-Од Владата упорно се обидуваат да ни дадат до знаење дека Законот за минимална плата ние сме го донеле заедно со претходната влада и оти треба да го почитуваме. Ние сме за почитување на законите, но мора да се има разбирање и политичка воља да се интервенира во оние закони кои треба да го зачуваат животниот стандард. Овие законски решенија треба да се менуваат според потребите на работниците и според растот на инфлацијата, додава Пешевски.
Деск
600 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА И 100 ЕВРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СИТЕ ПЛАТИ, ИЛИ ШТРАЈК И БЛОКАДИ ОД 15-ТИ ЈАНУАРИ, НАЈАВИ ССМ
2 Mins Read
Previous ArticleВЕЛЕШКИОТ ПЛОШТАД КОЈНИК СО НОВ ЛИК

