Посетител на ски центарот Попова Шапка се здобил со повреди на ски лифтот кој не бил исправен, а вработен во центарот не му укажал за неисправноста. Настанот се случил во март годинава, а денес од Министерството за внатрешни работи информираат дека е поднесена кривична пријава против врабoтениот во ски центарот.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(42) од Тетово и Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт „Ски центар Попова Шапка“ – Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 05.03.2025 на скијачка патека, пријавениот А.А. – вработен во Ски центарот, не укажал на можни последици од неисправност на ски лифтот на лице кое сакало да го користи, при што лицето било удрено и се здобило со повреди, соопштија од МВР.
Деск

