Четири лица од Велес го нарушиле јавниот ред и мир со тепачка среде улица вчера, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес. Од една страна во тепчката учествувал 61-годишник, а пак од друга страна биле три лица, помеѓу кои и 70-годишна жена.
-На 13.01.2026 во 12:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „Д-р Панче Васков“ во Велес бил нарушен јавниот и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.К.(61) од една страна и Ј.М.(48), С.М.(23) и 70-годишната М.М. од друга страна, сите од Велес, велат од полицијата.
Додаваат дека по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Деск
Фото: Илустрација

