Неготинецот осомничен за силување на дете се наоѓа во притвор, а според Основното јавно обвинителство Кавадарци, за делото е запретена казна затвор од најмалку осум години. Гласините дека наводно се наоѓал во странство, ги демантираа од обвинителството.
Случајот кој деновиве беше обелоденет ја бранува јавноста.
Во истиот, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.
Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени кој е на возраст од 57 години, повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.
Како што раскажуваат неготинци, осомничениот за педофилија бил семеен човек, секогаш со културно и пријателско однесување кон сограѓаните, а настанот предизвка голема вознемиреност помеѓу населението.
Деск
НА НЕГОТИНЕЦОТ ОСОМНИЧЕН ЗА ПЕДОФИЛИЈА МУ СЕ ЗАКАНУВА КАЗНА ЗАТВОР ОД НАЈМАЛКУ ОСУМ ГОДИНИ
1 Min Read

