Родителите да престанат со праксата да им ги оправдуваат часовите на децата, за да можат да одат на поприфатливи одмори во тек на учебната година, порача министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Таа истакна дека децата треба да се во училиште од прв до последен час, затоа што со редовно присуство на настава се постигале подобри резултати.
Исто така, Јанвеска соопшти дека учебната година ќе започне на 20-ти јануари, според предвиденото, бидејќи состојбата со грипот, според Институтот за јавно здравје на национално ниво имала средна активност, што значи дека немало потреба од продолжување на зимскиот распуст.
Деск
ЈАНЕВСКА: РОДИТЕЛИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ИМ ОПРАВДУВААТ ЧАСОВИ НА ДЕЦАТА, ЗА ДА ОДАТ НА ОДМОРИ
1 Min Read

