43-годишник со патничко возило удрил во бетонски столб од мост, а кога поради незгодата дошла полицијата, на возачот му биле измерени 2,45 промили алкохол во крвта, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионален пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река „Бабуна“, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот.
При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,45 промили алкохол во крвта, информираат од полицијата.
Додаваат дека лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Деск

