Музичарот Коки Јанков, кој стекна голема популарност во земјава како дел од дуото Дуле и Коки, или како што публиката ги нарекуваше, виолина и гитара, во песна го опеа животот по смртта на Дуле (Душан Љубисављевиќ).
Песната е насловена ,,Виолина и…” со музика на Јован Јованов, текст на Јованов и Елвир Мекиќ и продукција на Дамјан Лазаров.
Дуото стана доста популарно кога во 1996 година со песната ,,Виолина и гитара” победи на фестивалот Макфест.
Снимија околу 50 песни, а многу од нив станаа евергрини. Смртта на Дуле во 2013 година ја затекна јавноста, а Коки потоа продолжи со настапи со други музичари.
,,Кога и да запеам, на тебе се ме потсеќа, исти кафани, време различно, свириме до зори повторно, но не е истото” се дел од стиховите во емотивната песна.
В.К.
НЕ Е ИСТО ШТОМ ЌЕ ЗАСВИРАМ БЕЗ ГИТАРАТА: КОКИ ГО ОПЕА ДРУГАРСТВОТО СО ДУЛЕ И ЖИВОТОТ БЕЗ НЕГО
1 Min Read

