Сума од 785 илјади евра поторшиле општните за новогодишното укрсување, наведено е во истражувањето кое го објави Центарот за граѓански комуникации. Лидер е Општина Штип, од каде платиле 81 илјада евра за украсувањето, Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 285 илјади евра.
-Вкупната вредност на веќе склучените и објавени договори за украсување изнесува 48.297.986 денари, односно 785.333 евра. Сепак, се очекува вредноста на трошоците за новогодишно украсување да расте со доставување на информациите од преостанатите општини (Гостивар, Струга, Пробиштип, Пехчево и Крива Паланка), како и Општина Новаци која има набавка на услугата за новогодишен огномет, пишува во истражувањето.
-На дното, со трошоци за украсување пониски од 10.000 евра се општините Неготино (9.590 евра), Куманово – ЈП Куманово Паркинг (9.402 евра), Ресен (9.210 евра), Дојран (8.927 евра), Свети Николе (6.407 евра), Градско (5.756 евра), Демир Капија (5.756 евра), Богданци (4.855 евра), Сопиште (4.056 евра) и Новаци (2.878 евра), наведено е во базата на податоци.
Според објавата, гледано според бројот на жители произлегува дека Штип потрошил по 111 денари по жител за оваа намена, а Град Скопје 8 денари по жител.
-Тендерски постапки за украсување во пресрет на новата 2026 година спровеле 36 општини. Во најголем дел, тендерите за новогодишно украсување ги спровеле самите општини, а во помал дел, овие тендери ги спровело некое од нивните локални јавни претпријатија.
31 од овие 36 општини доставиле податоци за склучените договори за украсување до Електронскиот систем за јавни набавки, заклучно со 12 јануари 2026 година. Преостанатите 6 општини сè уште не доставиле известувања за склучените договори, иако законскиот рок е само 10 дена по склучување на договорите.
Анализата на вредностите на договорите покажува значителни разлики во трошоците за новогодишно украсување меѓу општините, без јасно образложение за обемот и содржината на услугите. Највисокиот договор достигнува над 80 илјади евра, додека други општини за истата намена издвоиле неколкукратно помали износи, објави Центарот за граѓански комуникации.
Деск
КОЛКУ ПАРИ ПЛАТИЛЕ ОПШТИНИТЕ ЗА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ: ШТИП Е ЛИДЕР, ОПШТИНА НОВАЦИ ПОМИНАЛА НАЈЕВТИНО
2 Mins Read

