Со традиционално фрлање на светиот крст во осветените води, денеска низ целата држава се одбележува големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Илјадници верници се собираат на бреговите на реките, езерата и во градските базени, каде што свештеници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја вршат светата водоосветителна литургија.
Празникот Водици ја симболизира духовната обнова, прочистувањето и крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Според верувањето, водата на овој ден добива посебна благодат, па многу верници носат осветена вода во своите домови за здравје и благосостојба во текот на целата година.
Настаните ја носат пораката за заедништво, вера и почитување на традицијата која со векови се негува во македонското општество.
Деск

