Тројца малолетници биле нападнати од неколку лица со фантомки, кои употребиле и тврди предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот се случил вчера, а во полиција го пријавила мајката на едно од нападнатите деца.
-На 18.01.2026 во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари кои заминале на фудбалскиот стадион „Борис Трајковски“ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници, кои употребиле и тврди предмети, а двајца од нив снимале и со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Деск
МАЛОЛЕТНИЦИ НАПАДНАТИ ОД ЛИЦА СО ФАНТОМКИ НА ФУДБАЛСКИ СТАДИОН: ГИ ТЕПАЛЕ И ГИ СНИМАЛЕ!
1 Min Read
Next Article ПО ТЕШКО БОЛЕДУВАЊЕ ПОЧИНА СЕНКА ВЕЛЕТАНЛИЌ

