Премиерот Христијан Мицкоски придружуван од висока владина делегација ќе учествувал на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Како што соопшти, следните денови ќе имале бројни состаноци коишто очекувале значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции.
-Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и бројни билатерални средби со многу компании од светот.
Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос, истакна Мицкоски.
Деск

