Жена на возраст од 75 години од Скопје и маж на возраст од 69 години од Кавадарци починале од грип, односно се пријавени како два смртни случаи асоцирани со грип во периодот од 12-ти до 18-ти јануари, е информацијата која доаѓа од Институтот за јавно здравје.
И двете лица не биле вакцинирани против сезонски грип, а имале и коморбидитети.
Во истиот период, според ИЈЗ, биле пријавени 2.062 нови случаи на грип или на заболувања слични на грип.
Заболените лица се пријавени од Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96, Струмица – 85, Дебар – 75, Свети Николе – 59, Гостивар – 52, Радовиш – 33, Неготино – 30, а во Гевгелија, Виница, Струга, Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30, информираат од ИЈЗ.
Деск
Previous ArticleИЗБРАНИ МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

