Со 1,57 промили алкохол во крвта, маж од тетовско Камењане возел во спротивна насока на коловозната лента, известува Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштија, настанот се случил денес, после полноќ, односно во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, а 47-годишниот возач Д.М. бил лишен д слобода.
-Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од полицијата.
Деск

