Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, соопшти МВР.
Од министерството известуваат дека од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. 
-По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.
Деск
Previous ArticleМИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО БАРА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ЌЕ ГИ ПРЕСМЕТА ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КИЛОГРАМ ГРОЗЈЕ
Next Article „МИЛАНОВА ИГРА“ – КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА МИЛАН ЗАВКОВ

