Додека превозниците од Балканот протестираат на граничните премини поради одлуката на Европската комисија со која се ограничува престојот во Шенген зоната од 90 до 180 дена и за професионалните возачи, бугарскиот професор и академик Спас Ташев им се обрати на македонските камионџии.
На социјалните мрежи тој напиша свое видување на ситуацијата со превозниците, па ги посоветува да станеле бугарски државјани, бидејќи сметал дека Скопје нема наскоро да започне европски преговори.
-Ја гледам оваа вест во скопските медиуми и размислувам неколку работи:
1. Тврдењето на медиумите дека станува збор за Македонија не е точно. Станува збор за Северна Македонија, која е само 36% од територијата на географскиот регион на Македонија. Само името Македонија создава збунетост и неосновани тврдења. Мора да се држиме до објективните факти.
2. Граѓаните на Северна Македонија си избраа влада која не им служи на северномакедонските туку на српските интереси. Оваа влада сосема свесно ги блокира евроинтеграциите на Скопје за Белград да не оди пред неа. Во ваква ситуација, не гледам поента на протести, бидејќи сегашната ситуација е предвидена. Одлуката е таму да не се гласа за зависни политичари кои се инфилтрирале во сите
3. Познавам многу возачи од Северна Македонија (и онака живеев таму 4 години, а никогаш не сум прекинал контакт) кои имаат бугарско државјанство и без проблем ги возат камионите во ЕУ. Затоа би им препорачал на повеќе возачи од Северна Македонија да станат бугарски државјани. Ништо нема да изгубат, само ќе добијат, затоа што Скопје и неговите владетели нема наскоро да започнат европски преговори.
4. Напишано од мене во т. 3 е еден спас. Но имам и идеја за групен спас на нашите браќа од северноМакедонци. Чекам ситуацијата да созрее и да почнам со реализација на оваа идеја, објави тој.
Откако неговиот став беше пренесен во македонските медиуми, тој повторно се огласи на социјалните мрежи и се ,,заблагодари за рекламата”, па порача дека не гледал ништо провокативно во неговиот став.
-Дури и да се караме, луѓето од другата страна на границата ми се браќа, напиша Ташев.
Деск
СТАНЕТЕ БУГАРИ И БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ ГИ ВОЗИТЕ КАМИОНИТЕ ВО ЕУ, ИМ ПОРАЧА НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ БУГАРСКИОТ ПРОФЕСОР ТАШЕВ
2 Mins Read

