Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања денес, кажа дека неговото учество на економскиот форум во Давос било исполнето со активности, односно бил активен учесник на три панели, и седел со влијателни луѓе.
-Со мене на маса беше главниот извршен директор на „Гленкор“, потоа господинот Џо Донован кој што беше поранешниот прв човек на „IT&T“ и сегашен член на бордот на „Локид Мартин“, австрискиот канцелар, директорката на Интерпол и така натаму.
На еден од панелите, говорници со мене, бидејќи јас не бев статиста таму, или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос, туку бев активен учесник на три панели, и морам да кажам, штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните, кажа Мицкоски пред медиумите.
Претходно пак, тој кажа дека во Давос зборувал за проекти од областа на енергетиката, а првпат ги презентирал „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“. Посочи дека „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“ привлекле големо внимание кај голем број инвеститори, а по завршувањето на панелот тие му пристапиле и размениле контакти.
Ги поканил да дојдат во Македонија, да им бидат презентирани потенцијалите со кои располагаме и инвестициските можности.
Деск
МИЦКОСКИ: ШТЕТА ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ОБЈАВИМЕ МОИТЕ ГОВОРИ, АМА ПО СЕКОЈ ГОВОР ВО ДАВОС СЛЕДЕШЕ АПЛАУЗ!
1 Min Read

