Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед, известува МВР.
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Со отворањето на овој шалтер Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја потврдува својата заложба, отвореност и посветеност кон безбедноста и потребите на граѓаните, соопштија од министерството.
Деск
Previous ArticleТИВКИ ЧУВАРИ НА БЕЗБЕДНОСТА: КУЧИЊАТА ОД К9 ОТКРИЛЕ 318 КИЛОГРАМИ ДРОГА, ОРУЖЈЕ, МУНИЦИЈА, ПАРИ…
Next Article ЛАВИНА ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА!

