Маж од Кавадарци извршил тешка кражба во патничко возило кое било паркирано на паркинг во Велес, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со Џ.Д.(36) од Кавадарци, поради основано сомнение дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес извршил „тешка кражба“ во патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, известија од секторот.
Од таму додаваат дека одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот и по документирање на настанот против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

