Македонија се прости со поетот и преведувач Тихомир Јанчовски, кој почина ненадејно вчера, на 58-годишна возраст, а беше погребан денес, на градските гробишта Бутел во Скопје.
Јанчовски беше автор на повеќе од 30 книги, музичар, професор, колумнист, издавач… Веста за неговата смрт ја растажи заедницата, и негови пријатели и почитувачи на неговото дело се емотивни посвети на социјалните мрежи се збогуваа со него.
Се огласија и од Друштвото на писателите на Македонија, кои во својата објава посветена на Јанчовски, пишуваат дека со својата автентичност и креативност останува еден и од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“ во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.
Само пред една недела Јанчовски објави дека излегла книгата „60 икони на Мајката Божја“ од Аријан де Сен-Марк, а тој бил нејзин уредник и преведувач, и најави промоција на истата за еден месец.
Деск
МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОСТИ СО ТИХОМИР ЈАНЧОВСКИ: ОСТАВИ ДЛАБОК ТРАГ СО СВОЈАТА АВТЕНТИЧНОСТ И КРЕАТИВНОСТ
1 Min Read

