Германскиот производител на моторни масла и адитиви LIQUI MOLY и покрај турбулентните случувања и економската криза ја заврши 2025 година со пораст на продажбата од 8%.
Две третини од вкупниот промет се генерирани на странските пазари.
Со тоа е остварен нов рекорд од произведени 119,000 метрички тони масло, 40 милиони контејнери и 25 милиони пакувања на адитиви. Како резултат на тоа, фабриката во Сарлуис, Германија ќе го зголемува својот капацитет на 160.000 метрички тони, а се планира зголемување на производните капацитети и во централата на брендот во Улм, преку нови линии за полнење, нов процес на автоматизација и дигитализација.
Се подготвува и нов логистички центар во северен Улм, во кој ќе се складира најголемиот дел од произведените продукти во компанијата.
Како резултат на одличните резултати, секој вработен во LIQUI MOLY, а ги има околу 1.300, ќе добие годишен бонус во висина до 7.000 евра!
За ВИКИМЕДИА, Зоран Дочински, Темпо Магазин
СИТЕ 1.300 ВРАБОТЕНИ ВО ,,LIQUI MOLY” ЌЕ ДОБИЈАТ ГОДИШЕН БОНУС ДО 7.000 ЕВРА ПОРАДИ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА РАБОТА!
1 Min Read

