Наталија Ѓоргиеска, сопруга на Андреј од дуото ДНК кој го загуби животот во пожарот во Пулс во Кочани, ќе одржи говор на хуманитарниот концерт во Германија, кој е закажан на 28-ми февруари, а е во организација на Македонски културен центар – Македонско сонце – Диселдорф.
Информацијата ја објавија од центарот, во најавата за настанот, од кој собраните средства ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од Кочани.
На концертот ќе настапат Андријана Јаневска, Тина Русева, Сања Лефкова, Ламбе Алабаковски, Елена Андоновска, како и Фолклорниот ансамбл Македонско сонце Диселдорф.
Организаторите очекувале огромен број на публика на хуманитарниот настан, на кој бил поканет министерот за култура, Зоран Љутков, а истиот ќе започнел со интонација на македонската химна.
Деск
Previous ArticleДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА

