Вчера во 22:15 часот во ОВР Кавадарци, од Здружение за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Надлежните институции редовно апелираат до јавноста, секој случај на убивање и измачување на животно да го пријават во полиција, од каде понатаму ќе постапат по службена должност.
Измачувањето и труењето на животни се кривични дела за кои се пропишани строги казни, како парични, така и затворски.
Изминатиот период и во Неготино беше евидентирано масовно убивање на бездомни кучиња, како со труење, така и со прегазување со возило.
Деск
ПРИЈАВА ЗА МРТВО КУЧЕ ВО КАВАДАРЦИ, ОДНЕСЕНО Е НА ОБДУКЦИЈА ВО ВЕТЕРИНАРНА СТАНИЦА
1 Min Read

