Министерството за култура ги објави резулатите од Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес од културата за 2026 година.
Во областа на музичка и музичко-сценска дејност, помеѓу прифатените проекти се голем број на концерти на популарни музичари од забавната и фолк сцена.
Според резултатите, во 2026 година не очекува концерт на Тамара Тодевска, кој министерството го поддржало со сума од 205.000 денари, концерт на Сузана Спасовска со поддршка од 220.000 денари, концерт на Кафе Де Анатолија со 50.000 денари, концерт на проектот Македонијо, во срце те носиме со 300.000 денари, концерт на Фолтин со 200.000 денари, концерт на Нокаут со 200.000 денари, концерт на Калиопи со 215.000 денари, концерт на Меморија со 200.000 денари, концерт на Силви Бенд со 200.000 денари, концерт на Слаткаристика со 200.000 денари, концерт на Влатко Лозаноски со 200.000 денари…
Покрај нив, голем е бројот и на изведувачи на класична, симфонсика, камерна, џез, староградска и етно музика, чии проекти се одобрени.
Вкупната сума одвоена за поддршка на проектите од оваа категорија изнесува вкупно 19.864.500 денари, односно околу 323.000 евра.
В.К.
МАКЕДОНИЈА ЈА ОЧЕКУВА КОНЦЕРТЕН БУМ ВО 2026 ГОДИНА: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА БРОЈНИ ПОП И ФОЛК МУЗИЧАРИ
1 Min Read

