Легендарната битолска група Чоканче се претстави пред прилепската публика со ретроспективна изложба со свои фотографии и промоција на албумите ,,Чоканче 1 и 2” и ,,Апсолутно романтично”.
Настанот беше лоциран во Ликовната галерија во НУЦК Марко Цепенков, а искусните рокери и понудија на публиката вечер исполнета со носталгија, енергија и познати рефрени. Покрај повозрасните во публика, на нивниот настап се забавуваа и помладите генерации, откривајќи ги корените на рок звуците со кои растеа голем број на битолчани, прилепчани, како и љубители на овој жанр на музика ширум земјата.
Чоканче се ветерани на македонската рок сцена, кои опстојуваат повеќе од четири децении. Познати се по своите продукциски едноставни, но емотивно силни настапи, со фокус на живата свирка и директниот контакт со публиката.
Лани во октомври групата исто така имаше изложба на свои фотографии и концерт во фоајето на Центарот за култура Битола.
И тој настан беше потврда дека добрата музика не старее, туку добива на вредност со времето.
В.К.
ЧОКАНЧЕ – ВЕТЕРАНИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РОК СЦЕНА ПОКАЖАА ДЕКА РОК МУЗИКАТА НЕМА РОК НА ТРАЕЊЕ
1 Min Read

