Голем број на забавни, културни и едукативни содржини се најавени во програмата на Општина Кавадарци за одбележувањето на празникот Свети Трифун, кое ќе се реализираат од 10-ти до 14-ти февруари.
Настаните ќе започнат во 10.00 часот на 10-ти февруари со греано вино, ракија и топол чај на градскиот плоштад, а истиот ден се предвидени и изложба во Винскиот музеј, како и настанот ,,Каде што поезијата, деликатесите и виното се сретнуваат”.
Во наредните денови, односно од 11-ти до 14-ти февруари, ќе се одржат работилници, изложби, поетско читање, базар и други пригодни настани посветени на празникот на лозарите и винарите.
На 14-ти февруари (сабота) најавени се настапи на диџеј Пејко од 18.00 часот, а пак од 19.00 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржи групата Нокаут.
В.К.
НОКАУТ ЌЕ НАСТАПАТ ВО КАВАДАРЦИ ЗА СВЕТИ ТРИФУН, ПЕТ ДЕНА ЌЕ ТРААТ ПРАЗНИЧНИТЕ НАСТАНИ
1 Min Read
Previous ArticleСООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ КАВАДАРЦИ – НЕГОТИНО, ДВЕ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ

