Во Драчево, Општина Кисела Вода ќе се гради Ресурсен центар со станбено домување и Центар за образование и рехабилитација за лица со попреченост од 16 и повеќе години. Веста за изградбата на комплексот ја најавија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерката за образование, Весна Јаневска.
-Комплекс кој ќе го изградиме и ставиме во функција заедно со Град Скопје како носител на целата активност, Општина Кисела Вода и здруженија кои делуваат во областа на инклузијата, а каде лицата со попреченост ќе добиваат целосна грижа за нивното здравје, едукација и социјализација.
Веднаш ги започнуваме подготвителните активности за реализација на овој капитален проект кој ќе обезбеди достоинствен живот за многу лица со попреченост, истакна Јаневска.
Ѓорѓиевски појасни дека ќе започнат постапка за обезбедување на целосна документација и враќање на земјиштето, со што се создаваат услови за воспоставување на ресурсен центар со станбено домување и Центар за образование и рехабилитација за лица со попреченост од 16 години, па нагоре.
-Нашите планови се темелно да се реконструираат веќе постоечките објекти, а паралелно да се постават и нови, современи и целосно прилагодени простори.
Ќе се изградат и нови игралишта, кажа тој.
Деск
ЌЕ СЕ ГРАДИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР СО СТАНБЕНО ДОМУВАЊЕ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД НАД 16 ГОДИНИ
1 Min Read
Previous ArticleНА ДЕНЕШЕН ДЕН БЕА ОТВОРЕНИ ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО САРАЕВО

