Несекојдневна слика осамна пред 16 години во Кавадарци, во центарот на градот за време на празникот Свети Трифун, на 14-ти февруари 2010 година.
Пред бројните посетители, на јаворот беше обесено големо плишано мече, како симбол напразникот на вљубените, Свети Валентин.

-Симболично го обесивме Валентин, а со овој чин сакаме да кажеме дека во градот на виното се слави празникот Свети Трифун, ни кажаа тогаш лозарите кои присуствуваа на манифестацијата по повод празникот.
Инаку, во Тиквешијата на 14-ти февруари свечено се закројува виновата лоза, чин кој што се практикува секоја година, со цел Свети Трифун да го заштити родот од невреме и штетници и годината да биде родна.
Сепак, и покрај симбличното бесење на Валентин, одбележувањето на Денот на вљубените е се поприфатено од младите генерации, кои заедно ги слават празниците, со вино и љубов.
В.К.

